ЛУЃЕТО НА КОИ ИМ СЕ ПОКЛОНИ ЦЕЛИОТ БАЛКАН! Човечкиот живот нема цена – Како докторите од Србија научија голема лекција од политиката и системот и го направија невозможното

Докторите од клиничкиот центар во Ниш ја воодушевија јавноста и го разбрануваа здравството во Србија со тоа што решија да оперираат 12 последователни викенди во слободно време и без надомест за да го отстранат заостатокот, што им успеа со донирање на нивните 24 дена слободни на пациентите кои со месеци беа влечени по листите на чекање од здравствениот систем.

Се започнало на иницијатива на младите колеги задолжени за проверка на пациентите од листата на чекање кога еден ден се најделе во многу тешка ситуација односно на младо момче му кажале: „Татко ти е ред, може во понеделник операција ?“, а тие го добиле одговорот: „Татко ми почина пред 10 дена“.

Тогаш тие се одлучиле: Мора да се ослободиме од тие листи на чекање за луѓето да преживеат“, изјавил за денешниот број на неделникот NINДраган Милиќ, директор на Клиниката за кардиохирургија при универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Тој објаснил како се случило докторскиот тим да минува викенди во операционата сала оперирајќи без надомест, односно за без пари.

Ние им дадовме 24 дена на нашите пациенти и спасивме многу животи на оние кои ќе умреа чекајќи операција, ова нема цена“, изјавил Милиќ за неделникот.

Со пари можете да измерите сè, килограм домати, шише сок или кутија цигари, но човечкиот живот не можете да го измерите со пари. И тоа е основната разлика“, додал тој.

Првиот човек на нишката клиника вели дека тоа што тој и неговите колеги „дале малку време“ на своите пациенти „не е жртва“ и не очекуваат ниту награди, ниту признанија, напротив – само подобри услови за работа во сопствената земја.

Бараме државата да не ни дава никакви награди, туку ни треба персонал, медицински сестри, доктори, опрема…“, нагласил Милиќ.

Критикувајќи ја состојбата во српското здравство, Милиќ оценил дека „проблемот е што системот на вредности е изопачен“ и дека владее „партократијата“, бидејќи кога некој ќе ја добие власта, тоа го смета за свој плен, а директорите на клиничките центри, болниците и јавните претпријатија се определуваат „по основа на партиска припадност“.

Ако ја смениме таа логика, во моментот кога ќе го донесеме најдоброто да управува со системот, а не членовите на едната, другата или третата политичка опција – ние сме на вистинскиот пат… Во моментот кога ќе престане да биде ‘нивен’ можеби ќе имаме подобра иднина“, рекол раководителот на Клиниката за кардиохирургија на универзитетскиот клинички центар Ниш.

Нишките доктори успеаја да ја „исчистат“ листата на чекање со 149 пациенти, од кои некои чекале три до четири, па дури и шест месеци, и воспоставија режим на закажување операции, како што доликува на една соверемена држава.

За 100 дена направиле 248 операции, што е импресивно наспроти 117 операции лани за истиот период, а само во март годинава оперирани се 98 пациенти, објави претходно на социјалната мрежа Фејсбук група нишки доктори.

Според податоците на Републичкиот завод за здравство, во Србија во моментов работат 20.186 доктори, 1.533 стоматолози и 1.395 фармацевти.

здравствоНишСрбија