Корал Санчез од Сиетл, САД, поради низа хормонални пореметувања, еден ден забележала дека и расте брада, односно влакната на нејзиното лице кога таа имала само 12 години.
Девојката долги години ја бричела брадата која и се појавила на долниот дел од лицето. Неодамна се ослободила од стереотипот за жена и редовното бричење, пуштила брада и вели дека е навистина среќна.
Ретко се случува девојките да имаат ваква брада. Во нејзиниот случај, тоа било синдром на полицистични јајници. Приказната на Корал Санчез стана многу популарна откако 29-годишната девојка почна да споделува фотографии и видеа од себе на социјалните мрежи. Таа се пофали со својата бујна брада.
Сега 29-годишната девојка се чувствува прекрасно со својот природен имиџ и вели дека се нема избричено скоро три години.
„Мислам дека почнав да се бричам затоа што се чувствував принудена да го направам тоа. Се чувствував лошо бидејќи другите деца ги коментираа моите дебели бакенбари“, вели Корал Санчез во едно видео објавено на социјалната мрежа ТикТок.
Од 12 до 26 години, Корал ја бричела брадата секое утро, веднаш по станувањето. Брадата и пораснала толку брзо што дури морала да се бричи два пати на ден. Таа исто така редовно ставала неколку слоеви шминка за да ги скрие сите знаци на влакна на лицето.
„Ми требаше долго време да ја прифатам брадата. Сега се гледам во огледало, се насмевнувам и се чувствувам навистина убаво“, вели таа.