Едномоторниот авион Cessna 152 слетал на плажата Седар на планината Синај во средата околу 19:30 часот по локално време, јавува ABC7.
Шеесетгодишниот пилот пријавил дека авионот доживеал дефект на моторот пред да слета на плажата, пред изненадените луѓе кои шетале и уживале во зајдисонцето.
При слетувањето, авионот за малку ќе се превртел, бидејќи предниот дел удрил во песокот.
Пилотот и неговата сопатничка, 59-годишна жена, не се повредени. Повредени нема ниту на плажата.
ФАА ќе го испита инцидентот.