Љубителите на уметноста се убедени дека забележале мобилен телефон во уметничко дело од 19 век на кое е прикажан познатиот шкотски поет Роберт Барнс како држи правоаголен предмет.
Сликата од 1882 година наречена „Свршувачката на Брнс и Хајленд Мери“ на уметникот Џејмс Арчер ги прикажува поетот и неговата девојка Мери Кембел како изјавуваат љубов еден кон друг.
Поетот ја држи капата и капутот над раката, а со другата рака и’ подава правоаголен предмет на девојката.
Бидејќи сликата му претходи на пронаоѓањето на мобилните телефони а во тоа време Лондон започна да работи со првата јавна електрана на јаглен во светот, секако некој погоди дека тоа мора да е патник низ времето.
И, се разбира, како што се случува, објаснувањето е многу поедноставно.
Што всушност држи поетот во раката?
Не, поетот не сакаше да добие број од својата љубов, ниту пак направија селфи во тој важен момент, туку го одбележаа со размена на Библии, традиционален чин од тоа време.
Инаку, ова не е првпат луѓето да забележат мобилен телефон на слика стара стотици години. Слично се случило и со сликата „Очекуваните“ на австрискиот автор Фердинанд Георг Валдмилер од 1860 година кога луѓето се увериле дека наместо молитвеник виделе мобилен.