Луѓето со неверување гледаа во лавчето на сред пат, среде српски изорани ниви.
Во Кантавир, место до Суботица, луѓето се уште не можат да се вразумат. Лав излезе од полето со пченка, веднаш до патот . Возачите веднаш застанаа на патот, излегоа од автомобилот и со неверување погледнаа во лавчето на сред пат, среде српски изорани ниви.
Полицијата работи на утврдување на сите околности на овој настан, односно како лавот стигнал до Суботица. Лавот е однесен во зоолошката градина Палиќ.