Кон крајот на минатата година излезе листата на најбогатите девојки на светот, а на самиот врв се најде ќерката на Викторија и Дејвид Бекам, Харпер.
Во јули оваа година се крена голема прашина кога женскиот наследник на Бекамови наполни 12 години. Скапи подароци, фустан од тантела, забава во „Prada“… се само дел од работите кои беа дел од гламурозната прослава. Се гледа дека славните мама и тато не штедат ни цент за своето девојче.
Сега се појавија вести дека Бекамови не застанале тука. Тие на својата ќерка и подариле необична и скапа работа за нејзиниот дванаесетти роденден. Тоа е ни помалку, ни повеќе од куќарка на дрво, чија цена е 115.000 евра.
Куќата е изградена на дабови столбови откако добила градежна дозвола на семејниот имот во Англија, вреден 13 милиони евра. Куќата на дрво е со димензии 4,5 x 4,5 метри во должина и ширина, а висока е 4,2 метри и зафаќа површина од 15,6 метри квадратни.
Видливи се осудите на луѓето на социјалните мрежи и многумина сметаат дека познатите родители не ја знаат границата за доста, а некои дури и се згрозени. Без разлика дали се работи за претеран подарок или не, Бекамови секако не се двоумат во секој момент да и угодат на својата ќерка…