ЛУЃЕТО СО ОВАА КРВНА ГРУПА СЕ НАЈДОЛГОВЕЧНИ! Помалку страдаат од мозочен и срцев удар – еве зошто

Луѓето кои ja имаат оваа крвна група се сметаат за најдолговечни.

Постојат четири крвни групи: А, Б, АБ и нулта крвна група. Секоја од нив е различна, има свои карактеристики и слабости, но една е убедливо најотпорна на болести. Токму затоа крвната група нулта се смета за најдолговечна.

Докажано е дека луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести како што се дијабетес и одредени видови на рак, како што се рак на панкреасот и рак на желудникот. Една од досега откриените причини зошто крвната нулта групата е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта и срцеви и мозочни удари предизвикани од згрутчување на крвта.

Изгледа интуитивно очигледно дека избегнувањето на болеста е дел од стратегијата за долг живот. Но, постои силно верување дека кај стогодишниците целата корист доаѓа од гените против стареење“, изјавил Стјуарт Ким, професор на Универзитетот Стенфорд, за магазинот Time.

Со цел да ја откријат тајната на долговечноста, научниците ги испитале гените на 800 стогодишници и 5.400 90-годишници и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за брзината на стареењето. Како што објаснија, утврдиле дека одредени варијации на гени се јавуваат почесто кај луѓе кои живеат до 100-тата година, а кога станува збор за крвната група, таа била нулта.

животздравјекрв