Луѓето со оваа крвна група се особено изложени на ризик од мозочен удар

Многу возрасни кои се чувствуваат здрави и сè уште не се блиску до пензија, не размислуваат за ризикот од мозочен удар. Сепак, податоците покажуваат дека се зголемува бројот на мозочни удари кај луѓето под 64 години. Покрај познатите фактори на ризик, новото истражување носи интересна врска која може да изненади многумина.

Научниците од Универзитетот во Мериленд анализирале речиси 50 студии и откриле дека крвната група може да игра улога во ризикот од ран мозочен удар. Луѓето со крвна група А имаат 16 отсто поголем ризик од исхемичен мозочен удар пред 60-тата година од животот. Од друга страна, крвната група О е поврзана со 12 отсто помал ризик.

„Под соодветни околности, комбинацијата на одредена крвна група и други фактори може да ја зголеми шансата за формирање на згрутчување на крвта“, вели неврологот др. Џејсон Хинман за Парада.

„Генетскиот ризик не може да се промени, но можеме да контролираме други фактори и на тој начин да го спречиме најлошото“

Научниците сè уште не се сигурни зошто крвната група го има овој ефект, но се претпоставува дека различни површински карактеристики на крвните клетки може да ја зголемат веројатноста за згрутчување на крвта. Сепак, експертите нагласуваат дека нема причина за паника – севкупниот ризик останува низок. „Нема потреба од дополнителни тестирања“, велат истражувачите, додавајќи дека се потребни повеќе податоци, особено од различни популации.

Иако не можеме да ја промениме нашата крвна група, можеме да направиме многу други работи за да го намалиме ризикот. Др. Хинман советува да внимавате на познатите фактори како дебелината, високиот крвен притисок и дијабетесот. Според ЦДЦ, здравата исхрана, редовното вежбање и откажувањето од пушење може значително да помогнат.

„Генетскиот ризик не може да се промени, но можеме да контролираме други фактори и на тој начин да го спречиме најлошото“, заклучи др. Хинман.