Луѓето со предијабетес треба почесто да ги јадат овие три намирници

Познавањето за предијабетес не значи дека развојот на дијабетес тип 2 е неизбежен, туку дека е време да се направат промени што можат да спречат негово влошување. Според нутриционистката Шармејн Домингез, исхраната игра клучна улога во оваа превенција, а во видео таа истакна четири групи на храна што можат да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта и враќањето на рамнотежата во телото.

Растителни протеини

Заменувањето на црвеното месо и месните производи со извори на протеини од растително потекло може да биде важен чекор во спречувањето на дијабетес.

„Треба да се свртите кон храна што содржи повеќе влакна, и тоа во значителни количини. Влакната се клучен сојузник во борбата против инсулинската резистенција, што е основната причина за дијабетес тип 2. Покрај тоа, тие помагаат во намалувањето на нивото на шеќер во крвта“, истакнува Домингез.

Мешунките како леќата и гравот содржат растворливи влакна кои, покрај тоа што помагаат во регулирањето на гликозата, го намалуваат и нивото на масти во крвта, што дополнително го поддржува метаболичкото здравје.

Зеленчук богат со растителни влакна

Зеленчукот богат со растителни влакна помага во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта и обезбедува долготрајно чувство на ситост.

„Наполнете ги чиниите со зеленчук како брокула, зелка, бриселско зелје и слично“, советува нутриционистот.

Освен што придонесуваат за контрола на шеќерот, овој зеленчук има позитивен ефект врз варењето на храната, а поради неговата разноврсност, лесно се вклучува во разни јадења.

Цели зрна и скроб

Иако предијабетесот често вклучува намалување на внесот на јаглехидрати, Шармејн нагласува дека нивното целосно исклучување не е решение.

„Не заборавајте на интегралните житарки и храната богата со скроб, како јачмен, киноа и сладок компир. Тие ќе ви обезбедат „здраво гориво“, чувство на ситост и енергија што ви е потребна за да го поминете денот“, заклучи Домингез.