Луѓето фрапирани од начинот на кој Том Круз јаде пуканки

Том Круз стана предмет на шега откако му направи пошега на еден обожавател затоа што ги изел сите пуканки на премиерата на новата „Невозможна мисија“, но тоа не заврши тука.

Имено, сагата со Том Круз и пуканките доби продолжение. 

Некој на Xu сподели видео од 62-годишниот актер како јаде пуканки за време на проекцијата на „ Невозможна мисија“ , и тоа го прави на многу необичен начин.

На премиерата, тој беше снимен со кутија пуканки во рака, покажувајќи го својот урнебесен начин на грицкање. Во сега веќе виралното видео, може да се види како ги зграпчува пуканките со тупаница, ги тресе во раката како да фрла коцки, а потоа ги става во уста, а добар дел паѓа на подот.

Круз го повтори истото движење уште неколку пати, повторно фрлајќи ги пуканките кон својата широко отворена уста додека подот стануваше сè повеќе покриен со трошки.

„Човекот претерува со сè, што очекуваше?“

„Начинот на кој Том Круз јаде пуканки ме изнервира“, „Никогаш не сум видел маж да јаде пуканки како Том Круз“ и „Најдоброто нешто во врска со секој нов филм за Том Круз е што почнуваат да циркулираат фотографии и видеа од неговата чудна, опсесивна љубов кон пуканките“, напишаа тие.

„Но начинот на кој става пуканки во уста… луд“, „Човекот претерува со сè, што очекуваше“, „Можеби сите постојано јадеме погрешно“, „Следниот пат кога ќе одам ќе јадам пуканки токму така“ и „Брате, ова е стандардна техника на консумирање пуканки кај бумерите“, се некои од бројните коментари под видеото.