Снимката на Британи од Хјустон, која стана Гинисова рекордерка за најдолг јазик во светот, го освои интернетот со својата необична приказна и фасцинантниот резултат.
Видеото од девојка по име Бретани која го демонстрира својот јазик брзо стана вирална. Оваа жена од Хјустон, Тексас, со јазик долг 7,9 сантиметри, стана Гинисовиот рекордер за најширок јазик.
Јазикот на Британи го привлече вниманието на нејзината пријателка, која прва ја забележа нејзината импресивна големина. Ова ја поттикна Британи да го спореди својот јазик со претходните рекордери , чии јазици беа широки 7,3 см. Откако открила дека нејзиниот јазик е уште поширок, веднаш контактирала со претставници на Гинисовата книга на рекорди (GWR).
@guinnessworldrecords Widest tongue (female) 😝 7.9 cm (3.11 in) belonging to Brittany Lacayo 🇺🇸 #guinnessworldrecords #officiallyamazing #tongue
♬ original sound – Guinness World Records
– Кога на луѓето ќе им го покажам јазикот, повеќето се шокирани и се смеат. Добивам смешни прашања, но јадам и пијам како и сите други. Никогаш не ми правеше проблеми – изјави Британи во интервју за What’s The Jam
На почетокот на овој месец, Британи официјално го прифати предизвикот и ја доби титулата жена со најширок јазик во светот од страна на GWR. На видеото, кое беше споделено на социјалните мрежи на GWR, може да се види како Британи го испружи јазикот, го притиска надолу и потоа со него држи големо чоколадо пред да ја измери неговата ширина со линијар.
Нејзиниот јазик, широк 7,9 см (3,11 инчи), собра над 221.000 прегледи, 9.000 лајкови и стотици коментари.