„ЛУЃЕTO ПАЃАА ОД БАЛКОН КАКО ИГРАЧКИ“: Ужас во ноќен клуб, најмалку 15 повредени, а има и МРТВИ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ).

Несреќата се случила во ноќниот клуб Рич во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот дневен весник Миленио.

Како што се наведува, клубот немал соодветни дозволи за работа. Директорот на трговскиот центар Маурисио Ордаз Флорес на 15 март изјави дека се извршени сите потребни инспекции и дека е утврдено дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.

ЦЕПЦ потоа побара од раководството на клубот да ги исполни потребните услови за да може да се издаде работна дозвола. На прес-конференција, локален функционер изјави дека една од оградите на третиот кат од трговскиот центар се урнала под притисок на луѓето.

Тој додаде дека е констатирано дека во клубот се одржувал настап на пејач, иако управата на објектот не поднела барање до надлежните органи за настап и немало одобрение од ЦЕПС да го реализира тој настан.