– Иран го забави збогатувањето на ураниум кој е близу до нивото погодно за употреба во нуклеарно оружје, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ).
Доверливиот извештај, во кој имале увид некои светски агенции, доаѓа додека Иран и САД преговараат за размена на затвореници и ослободување на ирански имот во вредност од милијарди долари, замрзнат во Јужна Кореја.
Забавувањето на збогатувањето ураниум е знак дека Техеран се обидува да ги намали тензиите со Америка кои се зголемија од 2015 година, кога САД се повлекоа од нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран.
Во извештајот на МААЕ се наведува дека Иран има 121,6 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е многу побавен раст од претходно.
Во претходните извештаи се наведуваше дека Иран има малку повеќе од 114 килограми таков ураниум во мај и 87,5 килограми во февруари.