МАГНИТУДА 6.3 – Нов силен земјотрес ја погоди границата меѓу Турција и Сирија: „Мислев дека земјата ќе се отвори“

Разорен земјотрес вечерва ја погоди границата меѓу Турција и Сирија

По новиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, ЕМСЦ издаде и предупредување за цунами.

Според налогот на Твитер, на граѓаните им се препорачува да се држат настрана од крајбрежјето.

  • Оддалечете се од брегот и упатете се до повисоките места. Следете ги директивите на националните власти – се наведува во предупредувањето.
  • Лежев на подот од нашата куќа, која сега има само еден кат, кога се случи земјотресот. Слушнавме удар, како повторно да се уриваат зградите, а нашата куќа има нова штета, вели Ата Кошар од градот Екинци.

  • Мислев дека земјата ќе се отвори под моите нозе. Зарем уште не завршија земјотресите? Низ солзи праша Муна ал Омар, која во раце го држеше својот седумгодишен син, пишува Гардијан.


Да потсетиме, разорен земјотрес ја погоди границата на Турција и Сирија вечерва во 20:04 часот по локално време. Се уште нема извештаи за материјална штета или жртви.