Една од најголемите музички ѕвезди на 20 век, поп-кралицата Мадона во последно време ги полни медиумските колумни со својот шокантен изглед.
Cо желбата да остане вечно млада, пејачката претерала со естетските зафати и се направила непрепознатлива, а нејзиното отечено и искривено лице беше главна тема по овогодинешното доделување на Греми, на кое таа беше една од водителките.
Нејзиното лице беше анализирано за Daily Mail од естетскиот хирург др. Мајкл Хорн, која верува дека Мадона направила фејслифтинг, но и дека го оперирала носот.
,,Мадона сигурно имала бројни пластични операции во текот на годините. Очигледно е дека имала фејслифтинг пред доделувањето на Греми наградите бидејќи кожата на лицето и’ е затегната и без брчки, а очите и’ изгледаат помали. Исто така, предходно имала природен нос кој и’ одговарал на лицето а сега носот и’ изгледа претесно“, истакна тој и додаде дека сигурно имала третмани со ботокс и дека претерала со филерите.
„Погледнете колку сум слатка сега кога отокот од операцијата се намали“, напиша таа покрај емоџито што плаче од смеење.
„Ни малку не си слатка“, „Дали се шегуваш?“, „Те молам, почни да старееш достоинствено“, „Врати ни ја старата Мадона“, се дел од бројните коментари на нејзините разочарани обожаватели кои би сакала повторно да ја видат во фокусот на музичката сцена.
Сепак, во нејзина одбрана излегоа некои обожаватели кои истакнаа дека пејачката е контроверзна од самиот почеток на нејзината кариера и дека тоа е една од причините за нејзината голема популарност.
Интересно е и тоа што Мадона долго време беше голем противник на пластичните операции, а сега очигледно не може да живее без нив.