Мадона (66) на социјалните мрежи го покажа својот голем дијамантски прстен, а многумина веќе шпекулираат дека поп ѕвездата ќе се омажи за својот партнер Аким Морис.
Не толку одамна врската помеѓу Мадона и фудбалерот Аким Морис беше на работ на раскинување. Сепак, се чини дека тешкотиите се зад нив, а заљубениот пар сега е подготвен да продолжи понатаму.
Крајот на 2024 година беше одбележан со бројни раскинувања на познати парови, но за Мадона празниците донесоа позитивни промени.
Неодамна, фановите забележаа дијамантски прстен на нејзиниот прст, со што веднаш започнаа гласините за свршувачка со нејзиниот млад партнер, фудбалерот Аким Морис (28).
Мадона дополнително ги подгреа шпекулациите со објава на социјалните мрежи. На фотографијата таа ја подаде раката на која јасно се гледа прстен со импозантен камен, додека Аким позираше до неа. Фановите сега шпекулираат дека пејачката можеби добила предлог за брак.
Пред само неколку месеци медиумите брмчеа за кризата во нивната врска. Се зборуваше дека поради големата разлика во години на Аким почнал да му здосадува и покажувал интерес за помлади девојки. По тие гласини Мадона го напушти, но по неколку недели повторно се видени заедно, пишува Блиц Жена.
Мадона во неколку наврати изјави дека и е здодевно со своите врсници и затоа често избира помлади партнери.
– Иако постојано ме критикуваат поради тоа, важно ми е да се чувствувам жива – изјавила пејачката во едно интервју.