Мадона се опоравува од тешката инфекција, а нејзината долгонајавувана светската турнеја под голем прашалник: “Таа е слаба и многу уморна…“

Мадона се уште се опоравува, а нејзината долгоочекувана светска турнеја е доведена во прашање. Музичката ѕвезда се чувствува „слабо и многу уморно“ бидејќи поголемиот дел од своето време го поминува во кревет борејќи се со тешка бактериска инфекција, открил добор упатен извор за магазинот TMZ во средата.

Имено, 64-годишната „кралица на попот“ минатата недела итно беше пренесена во болница откако била пронајдена во несвест. Докторите ја ставиле на вентилатор, кој подоцна го извадиле, но поради сериозни здравствени проблеми, нејзината прославена турнеја наводно била одложена до дополнително известување.

Серијата концерти првично требаше да започне на 15. јули во Ванкувер, а извор близок до продукцијата на турнејата претходно изјави дека пејачката „напорно вежбала“ до 12 часа на ден за да се подготви за глобалното патување. Друг извор вели дека пејачката „постојано се предизвикувала себеси“ да биде во чекор со нејзините многу помлади танчери.

Иако е добра како и луѓето со кои работи, многу од нив се многу помлади од неа и немаат историја на повреди. Се разбира, има и постари изведувачи од неа кои сè уште настапуваат, но тие не танцуваат и немаат барање како неа“, открил пријател на Мадона кој сакал да остане анонимен за магазинот TMZ.

Комичарката Рози О’Донел неодамна ги откри деталите за закрепнувањето на Мадона откако објави фотографија со поп иконата направена на снимањето на нивниот заедничи филм од 1992 година заедно со зборовите: „Се сеќаваш ли на ова ?“.

Обожавателите брзо ја бомбардираа актерката со прашања за здравјето на пејачката, на што Рози О’Донел одговори: „Таа се опоравува дома – генерално многу силна“.

Познатата музичарка се уште не ги открила деталите за нејзината хоспитализација. Нејзината последна објава на социјалната мрежа Инстаграм на 20. јуни вклучуваше серија фотографии од пробите за нејзината турнеја. Покрај фотографиите таа тогаш напиша: „Мирно пред бура“. 

Мадона последен пат беше видена во јавноста на „Денот на мајката“ на вечера во Њујорк со нејзините шест деца.

животздравјеМадона