Поп-кралицата Мадона се пофали со својата чанта „Нирвана“ од луксузната модна куќа „Аупен“. Иако многу други познати личности го носат овој моден додаток, нејзината чанта се издвојува од останатите.
Изработена е од крокодилска кожа, а нејзината вредност се проценува на неверојатни 100.000 долари. „Уникатни“ чанти како оние на Мадона ќе бидат достапни за нарачка само со покана.
За оние без толку длабоки џебови, чантите од телешка кожа „Нирвана“ можат да се купат за 340 долари. Брендот „Аупен“ е основан во 2022 година од сингапурскиот дизајнер и претприемач Николас Тан.
„Влијани од уметноста и архитектурата, сакавме да се оддалечиме од идејата за совршенство и да ја прифатиме неправилноста и навистина да ја цениме убавината со сите нејзини недостатоци“, изјави тој за Page Six.
Тејлор Свифт беше меѓу првите познати личности што беа видени со чанта од брендот, носејќи ја на свадбата на Џек Антоноф и Маргарет Квејли во 2023 година.
По неа, Флоренс Пју, Џена Ортега, Селена Гомез, Чарли XCX, Пријанка Чопра и Кери Вашингтон ја носеа оваа чанта во различни бои.