Мадона фотографирана со своето 38-годишно момче, уживајќи на вечера на покривот на хотелот

Поп иконата Мадона е фотографирана на покривот на луксузниот хотел Бродвик Сохо во Лондон, каде што уживала на вечера со своето 38-годишно момче Аким Морис.

Пејачката и фудбалскиот тренер изгледаа опуштено и лежерно, држејќи се за рака додека уживаа во романтичен состанок.

Интересно, ова не е прв пат Мадона да се види токму на тоа место. Пред 42 години таа ја сними својата прва британска фотосесија на покривот на тој лондонски хотел.

Да потсетиме дека Мадона и Аким се запознаа во 2022 година, а врската ја потврдија две години подоцна објавувајќи заеднички фотографии на Инстаграм, по повод Денот на благодарноста.

На почетокот на оваа година, пејачката дополнително поттикна шпекулации за можна свршувачка кога објави фотографија на која се гледа нејзината рака со голем прстен. Медиумите претходно шпекулираа за можен раскин на врската бидејќи Мадона неколку пати се појавуваше сама во јавноста.

Мадона е позната по тоа што преферира помлади партнери. Пред врската со Аким, таа беше во врска со 30-годишниот Џош Попер. Таа беше во романтична врска и со танчерот Ахламалик Вилијамс, кој беше 35 години помлад од неа, како и со лизгачот Ендрју Дарнел, кој беше 41 година помлад од неа.