Научниците од Националниот автономен универзитет во Мексико спровеле истражување за да утврдат кој тип на жена ги прави мажите посреќни и дошле до многу интересни резултати.
Имено, иако многумина при изборот на партнер гледаат на изгледот, истражувањата покажаа дека тоа е всушност најмалку важната ставка.
Истражувањата покажаа дека мажите кои имаат пополни девојки се посреќни од мажите кои се во врска со слаби жени. Па дури и 10 пати.
Мажите со пополни сопруги се насмевнуваат почесто од мажите со слаби сопруги и се значително посреќни. Тенките жени често се повеќе фокусирани на изгледот и помалку експресивни, што влијае и на нивниот однос со мажот со кој се во врска, се наведува во заклучоците. Додаваат и дека поисполнетите жени полесно ги решаваат проблемите и конфликтите во врските