Жените сигурно ги интересира на која возраст мажите се најдобри во кревет? А дали сте размислувале за идеалната возраст за брак, како и за возраста на која најчесто изневеруваат.
Мажите се најдобро кога станува збор за секс на 29 години, а следното лето почнуваат да се грижат за својот „пивски стомак“.
Судбоносното „да“ го кажуваат најчесто на 32 години, а една година подоцна го добиваат првото дете, првата работа ја наоѓаат во просек на 21 година, шест пати во текот на животот го менуваат работното место, поминуваат 125 дена на боледување и барем еднаш имаат романса на работа.
Тие наоѓаат работа на 21 година и менуваат шест работни места во животот, а првото дете го добиваат на 33 години
На 23-годишна возраст најчесто го полагаат возачкиот испит (од нив 48 проценти на прв обид), на 29-ти најмногу уживаат во сексот, а една година подоцна веќе имаат проблем со пивскиот стомак.
На 35 години мажите сериозно се грижат за својот изглед, а најмногу ги мачи ќелавоста која е наследна кај околу 40 отсто од припадниците на посилниот пол. На почетокот на петтата деценија мислат дека повеќе не им се привлечни на жените, а потоа се борат со средовечна криза.
Припадничките на понежниот пол веруваат дека мажите созреваат само на 43 години, кога се соочуваат со првиот развод, а на 49 најчесто изневеруваат. Мажите на 50 години го доживуваат деловниот врв и најмногу заработуваат.