Мажите се „програмирани“ да сакаат млади жени

Според резултатите од новото истражување, кога станува збор за изборот на сексуален партнер, мажите од сите возрасти фантазираат за еден тип – жени во раните и средните дваесетти.

Истражувачите во Финска анкетирале 12.656 мажи и жени на возраст од 18-49 години за да ги откријат нивните сексуални желби во однос на нивните партнери и нивната возраст.

Учесниците беа прашани која возрасна група најмногу ги привлекува во изминатите 12 месеци и со кого всушност имале најмногу сексуални контакти.

Како што претпоставуваа истражувачите, резултатите зависеле од полот. Жените обично биле заинтересирани за мажи на нивна возраст или малку постари. Жените во раните дваесетти претпочитаат мажи околу четири години постари, при што оваа разлика се намалува со текот на времето.

Мажите, од друга страна, генерално беа заинтересирани за одредена возрасна група на жени – оние во средината на дваесеттите години. Многу од постарите мажи дури претпочитаа многу помлади жени – оние во тинејџерските години и раните дваесетти.

Истражувачите претпоставуваат дека овие резултати само ги потврдуваат биолошките закони – хипотезата дека жените избираат постари мажи во согласност со она што тие се во можност да им го обезбедат во однос на материјалната сигурност, додека мажите ги сметаат жените во дваесеттите години попривлечни поради фактот што ова е периодот во кој жената е најплодна за раѓање деца.

„Тоа се работи напишани во нашето еволутивно минато. Мажјаците созреваат подоцна од женките и претпочитаат помлади женки бидејќи ги поврзуваат со плодноста. Максималната плодност кај жените е присутна во средината на дваесеттите години, додека по 35-та година паѓа“, објаснуваат финските истражувачи.