Дете (4) е избодено со нож во средата во Брегенц, Австрија, во супермаркет. Според локалните медиуми, детето без очигледна причина било избодено од маж.
Детето се здобило со сериозни повреди и било пренесено во болница каде било оперирано.
Луѓето кои биле во продавницата успеале да го совладаат осомничениот (34), а потоа полицијата го уапсила.
Во овој момент не се знае дали осомничениот го познавал детето од претходно, ниту зошто го нападнал.
Осомничениот, наводно, не давал отпор при апсењето.