Полицијата во централниот јапонски град Тода интервенирала по пријава за пукање во болница, објавија локалните медиуми.
Во престрелката се ранети две лица, лекар (околу 40 години) и пациент (околу 60 години), јавува Би-Би-Си.
Установите во близина на болницата се ставени под клуч.
Another shooting incident in Japan🤨
— Ikoma (@Ikoma_Blaunet) October 31, 2023
An armed man shot a hospital building in Toda city in Tokyo’s neighboring prefecture of Saitama this afternoon, leaving 2 injured.
The gunman has now barricaded himself in a nearby post office.
https://t.co/B5s65BUDS5
Медиумите јавуваат дека по пукањето напаѓачот со мотор побегнал во соседниот град Вараби и се забарикадирал во поштата.
Неколку полициски возила се паркирани околу поштата, блокирајќи ги околните патишта, додека полицајците се на терен со штитови.
Apparent barricade situation underway at post office in Warabi, Japan, involving armed suspect from shooting at hospital in nearby Toda; police on scene https://t.co/LdoAifJLGG
— Factal News (@factal) October 31, 2023
Тода е град во јапонската префектура Саитама со околу 140.000 жители.
Пукањата се исклучително ретки во Јапонија. Земјата има строги правила за поседување оружје и им дозволува само на цивилите да поседуваат ловечки пушки и воздушно оружје.
Луѓето мора да положат строги испити и тестови за ментално здравје за да купат пиштоли во Јапонија.