Маж (82) загинал во тешка сообраќајна несреќа во местото Грмовца кај Угриновци на автопатот Шид-Белград, дознава „Телеграф.рс“.
Неофицијално, на несреќникот му се расипало возилото и тој застанал да го поправи.
Тој беше на средната лента, поставувајќи знак. Меѓутоа, на него налетал возач на камион .
Смртта била констатирана на местото на настанот од екипа на Брза помош.
Известено е обвинителството кое нареди обдукција на телото.
Истрагата е во тек.