Случајот со жена која открила дека нејзиниот сопруг е неверен и имал афера со нејзиниот татко стана вирален кога изневерената девојка Камилија Оливеира објави фотографии и видео со кое ја потврди љубовната врска на социјалните мрежи.
Иако целата приказна се случи во Бразил, ова неверство стана вирално и ги помина сите граници, па сега луѓе од целиот свет ја коментираат аферата меѓу таткото и неговиот зет.
Како што објаснила Камилија на социјалните мрежи, го позајмила телефонот на нејзиниот татко кога го видела разговорот што нејзиниот татко го водел со нејзиниот сопруг. Се шокирала кога видела со какви емоции и нежности си пишуваат. Се посомневала дека има нешто повеќе меѓу нив, па ја прочешлала галеријата на нејзиниот татко и пронашла експлицитни фотографии од нејзиниот сопруг.
-Мојот сопруг е кретен што ме изневерува со татко ми – објави бесната жена на својот Фејсбук профил.
Ова не беше крајот на нејзината одмазда. Не и’ било доволно јавно да покаже што и’ направил сопругот, туку решила и да го казни. Од гнев го запалила автомобилот на сопругот бидејќи му ја подарил татко и’, односно неговата втора љубов.
Камилија потоа направи скриншат на нивната кореспонденција и го испечати сето тоа и ја залепи низ целиот Сао Паоло, подигајќи го скандалот на повисоко ниво. Сето тоа е документирано преку социјалните мрежи, а особено бурни реакции предизвика видеото од запалувањето на автомобилот.