Маж со заби го кине корсетот на Цеца, сите се изненадени

Цеца Ражнатовиќ се најде во центарот на вниманието кога се појави видео од нејзин близок соработник како ѝ го кине корсетот со заби по концертот.

Цеца Ражнатовиќ  со години ја интригира јавноста кога станува збор за нејзиниот љубовен живот. Како го поминува времето, каде излегува, кого среќава, многумина би сакале да знаат, а видеото што беше направено по нејзиниот концерт го привлече вниманието на локалната јавност. 

Имено, Цеца Ражнатовиќ за настапот избра бели панталони и корсет во иста боја, што ги става нејзините бујни гради во преден план . За да не се помрднува корсетот додека танцува на сцената, членовите на нејзиниот тим се погрижиле тој да биде стегнат до тој степен што пејачката може да здивне. По концертот, Цеца Ражнатовиќ истрча побрзо кон соблекувалната за да се ослободи од корсетот.Меѓутоа на него се направил чвор кој Цеца неможела да го огврзе па побарала помош од соработниците.

– Сега со заби тоа ќе го искинам – рече асистентот кој веднаш се фати за работа, а фризерот на Цеца, Стеван Радивојевиќ, коментираше дека вака функционира вистинскиот маж. 

@cecaraznatovicoff Ovako to izgleda nakon koncerta! 😂❤️ @IVICA RACIC @stevansrules #fyp #viral #balkan #4you #serbia #ceca ♬ original sound – CECA

Ве потсетуваме дека откако ја прекина емотивната врска со Богдан Срејовиќ на почетокот на февруари 2022 година  
, Цеца Ражнатовиќ го крие својот љубовен живот од јавноста. Опкружена со пријатели, семејство, колеги и лојална публика, пејачката блеска од среќа и задоволство.