Попладнево во Нов Белград според последните информации имало убиство и самоубиство.
Како што неофицијално пишува српскиот портал Курир, во станот биле пронајдени две тела, жена и маж.
Се сомнева дека сопругот ја убил сопругата.
Истрагата е во тек, сите дежурни екипи се на терен.
Наскоро повеќе детали за овој случај.