Денеска се случи необичен инцидент во областа Еренфелд, во Келн (Северна Рајна-Вестфалија) во која полицајка го загуби увото!
Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, нападот се случил утринава кога полицијата дошла да смири агресивен маж (40) со потекло од Конго кој бил непослушен! Разбеснетиот прво ги нападнал минувачите – едната ја удрил со клуч по челото – а потоа тешко повредил млада полицајка (26).
Полицијата мораше да употреби пиштол за шок, но и тоа беше неуспешно! Кога се обиделе да го спуштат на земја, тој се нервирал и ја гризнал полицајката.
Мора да се оперира
Како што се додава, полицајката треба веднаш да се оперира, соопштија од полицијата.
Повредени се и тројца колеги, додека засега не се знае судбината на мажот напаѓач.