Маж (50) завршил во болница по интимен однос! Му се заканува ампутација на половиот орган – еве каде згреши!

Маж (50) е во тешка состојба во болница во Италија откако имал интимна врска. Германецот и неговата сопруга имале „луда ноќ“ бидејќи решиле да пробаат опасен вид на дрога и како што велат, интимната врска траела речиси 24 часа. Странските медиуми јавуваат дека мажот се чувствувал лошо и се појавил во болницата „Мисерикордија“ на почетокот на месецов.

Неговата состојба е опишана како „сериозна“ и моментално е на одделението за интензивна нега. Според извештаите, тој имал септичен шок кој предизвикал некроза на гениталниот орган и скротумот. Септичкиот шок е специфична состојба во телото која се јавува како компликација на сепса. Сепса настанува кога одбранбениот, имунолошки систем, наместо да ја контролира инфекцијата, доведува до оштетување на сопствените ткива и органи.

Инаку, минатиот месец во Италија беше објавено дека хирург, откако го ампутирал гениталниот орган на пациент поради непостоечки тумор, бил обвинет за нанесување сериозни повреди на неименуван пациент во Тоскана во 2018 година. Мажот (68) бара отштета од 400.000 евра.

Пациентот рече дека претрпел „многу сериозна повреда“ и дека заслужува компензација за физичката загуба, како и за психолошката траума низ која поминал.

Се соопштива дека хирургот кој ја изврши операцијата е многу ценет, но повеќе не работи во болницата во Тоскана и се преселил во Милано.