Македонија во портокалова фаза, високи температури ќе имаме и во текот на следната недела

Следува топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°С, а на места ќе надмине и 40°С.

Затоа до крајот на наредната работна недела ќе се активира портокаловото ниво за ризик од високи температури.

Утре попладне ќе има локални појави со пороен дожд и грмежи во западните делови.

Забележлива промена на времето се очекува да имаме од петок наредната недела.