На денот кога Македонија одбележува 116 години од Илинденското востание и 75 години од првото заседание на АСНОМ, делегации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, положија свежо цвеќе пред спомениците на Ѓорче Петров, Пере Тошев, Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените.
Духот на Илинден, на Крушевската Република, на илинденците и народноослободителната борба сеуште вирее во секој еден од нас, не поттикнува и не води во вековната борба за Македонија!
Оваа година погубните политики на актуелните власти, преку промената на државното име и распродавањето на историјата и националните интереси става црн белег на одбележувањето на стремежот и жртвата на илинденците.
Но, слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано, па затоа и ние продолжуваме по истиот пат, по патот на изборување на вистинската вистина за Македонија и Македонците!
Нека е за многу години големиот христијански празник Св. Илија и нека е честит Илинден!