Додека светот е потресен од војна, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави својот најнов Глобален индекс на мир (GPI). Тоа е листа на најбезбедните и најмалку безбедните земји во светот за 2025 година.
Европските земји доминираат на листата. Исланд е на врвот на листата, додека од нашиот најблизок сосед, Словенија е деветта, Хрватска е на 19-то место, Бугарија – 29-то, Грција – 45-то, Босна и Херцеговина – 59-то. Косово – 63-то. Србија – 64-то, итн. Извештајот опфаќа вкупно 163 земји. Меѓу 20-те најбезбедни земји во светот се: Исланд, Република Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Швајцарија, Сингапур, Португалија, Данска, Словенија, Финска, Чешка, Јапонија, Малезија, Холандија, Канада, Белгија, Унгарија, Австралија, Хрватска и Германија.
Генерално, листата има 74 зголемувања, 87 намалувања и вкупен просечен пад на безбедноста во светот од 0,36 проценти.
Македонија се рангираше на 51-во место, веднаш над Албанија и Обединетите Арапски Емирати, кои го делат 52-то место. Нашата земја (27-ма меѓу европските земји) е во делот „Најбезбедни земји“ од листата.
Од светските сили: Велика Британија е на 30-то место, Франција – 74-то, САД – 128-мо, Иран – 142-ро, Израел – 155-то, додека Украина и Русија се на последните места 162-ро и 163-то.