Северна Македонија годинава изгуби 275.000 кубни метри дрва во шумски пожари. Директорот на Националните шуми, Здравко Трајанов, изјави дека од околу 160 пожари, изгорени се над 17.000 хектари шумска површина низ целата земја.
„Оваа година, досега, регистриравме 167 шумски пожари. Тука морам јасно да нагласам дека спроведуваме статистичка анализа само за пожари што се случиле во шумски подрачја. Зафатена е површина од 17.422 хектари и, за жал, се изгубени 275.000 кубни метри дрво“, изјави Здравко Трајанов, директор на Националните шуми.
Трајанов подвлече дека состојбата ќе се следи на терен, каде што дел од дрвјата ќе бидат отстранети од изгорените површини, додека останатите, доколку условите дозволат, ќе бидат засадени. Во споредба со минатата година, ситуацијата е подобра, подвлече тој, најавувајќи дека според статистиката од 2000 година па наваму, пожарите изгореле околу 270 илјади хектари шумска површина во Северна Македонија.
„Водиме статистички показатели, колку површина е изгорена, морам да нагласам дека таква статистика имаме од 2000 година, досега од 2000 година имавме околу 5 илјади 386 пожари, изгубена е површина од, условно кажано, 270 илјади хектари“, изјави Здравко Трајанов, директор на Националните шуми.
Сепак, тој објасни дека ова не се смета за трајна загуба на површини, бидејќи како што рече, природата се обновува сама, па затоа и некои од шумите се обновуваат сами.