Синдикатот на Државниот испитен центар најави дека ќе го продолжи генералниот штрајк кој беше прекинат во мај годинава.
Според нив, државните институции не успеале да го решат нивниот долгогодишен проблем со платите.
„Работниците на Државниот испитен центар им помогнаа на матурантите и за краток период навреме го завршија државниот испит и другите активности. Во овие седум месеци по прекинот на штрајкот, ДИЦ беше во разговори со Министерството за финансии од каде беа предложени и презентирани повеќе решенија, но за жал ниту едно не беше прифатено“, велат од ДИЦ.
Додаваат дека во овој период се спроведува стручен испит за наставници и стручни соработници (700 кандидати), обука за кандидати за директори, меѓународни тестови и постои можност заедно со државната матура да паднат.