Директорот на Царинската управа Стефан Богоев рече дека приходите од царина се зголемени за 10,3 отсто во однос на 2022 година.
Тој најави и дека Царинската управа пополнува 43 отсто од буџетот на Република Македонија.
„Пораст има и по основ на приходи од акциза кои во 2023 година биле 32,4 милијарди денари, односно за 5 отсто повеќе од 2022 година. Значително зголемување има и кај приходите од даноци за моторни возила. Во 2023 година се собрани 2,2 милијарди денари или 46,7 отсто повеќе од 2022 година“, рече Богоев.
Тој додаде дека во текот на 2023 година царината инкасирала 117,9 милијарди денари, средства кои ќе бидат испратени како буџет за здравство, образование и инфраструктура.