Уште подолго е чекањето за добивање на патните исправи. Со почетокот на празниците повторно започна хаосот пред шалтерите на МВР за пасошите со новото име на државата.
Периодот на чекање за добивање пасош е над три месеци, велат анкетираните граѓани за Алзас.
„Од 1-ви февруари сум фотографирана и сега ја добив, дали треба да патувате некаде?
Засега не ама го имаме“, рече граѓанин.
„Голем хаос, до врата надвор, од понеделник некоја нова судбина, мора да дојдам, од Скопје сум. Многу хаос“, рече граѓанин.
Од МВР велат дека причина за доцнењето на пасоши по подолго време е зголемувањето на барањата и капацитетот на производните машини, додека потврдија дека досега граѓаните кои се фотографирани за лична карта со новото име на државата е околу 1.267.888, за пасоши 1.524.118, а за возачки дозволи се фотографирани 658.406 граѓани.