Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

По инструкции на МНР, амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев, не присуствувал на денешната церемонија во Москва, со што Македонија им се придружи на САД и повеќето членки на ЕУ кои решија да ја бојкотираат инаугурацијата.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година. Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што рече, тој треба да биде под рамноправни услови

Македонија се приклучи кон Соединетите Американски Држави, Канада, Германија и мнозинството земји членки на Европската Унија (ЕУ) чии амбасадори и дипломатски претставници не присуствуваа на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.

На церемонијата во Москва денеска не присуствуваше ни амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев.