Македонија ќе отвори амбасада во Ријад, Саудиска Арабија

Заменик-премиерот на Република Македонија, Изет Меџити, објави дека РCM ќе отвори амбасада во Ријад. Тој рече дека овој чекор е важен и ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата и ќе ги продлабочи врските со еден од најважните актери во арапскиот свет.

„Република Северна Македонија наскоро ќе ја отвори својата амбасада во Ријад, главниот град на Кралството Саудиска Арабија. Овој важен стратешки чекор ја зајакнува меѓународната позиција на земјата и ги продлабочува врските со еден од најважните актери во арапскиот свет, како членка на Г20 и најголемата економија во регионот. За нашите граѓани од исламска вероисповед, ова е настан од особено значење“, рече Меџити.