Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи што ќе ги заменат старите полициски униформи.
Според Министерството за внатрешни работи, сегашните униформи се непрактични и нефункционални, па затоа ќе бидат заменети со нови, модерни, квалитетни и функционални, според европскиот полициски модел.
„Во процес кој е целосно транспарентен и одговорен, Министерството спроведе технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании, во кој беа земени предвид сите сугестии и предлози. Министерството ги повикува сите заинтересирани компании да ги достават своите понуди во наведените рокови за да се овозможи промоција на новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани.“
Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција. Самата нова униформа ќе содржи елементи како што се: ветробранска јакна, полска јакна, летни и зимски полски панталони, кратки и долги ракави кошули, капи, маички, чевли со потенки и подебели ѓонови и високи тактички зимски и летни чизми.
„Тендерот е објавен во електронскиот систем за јавни набавки на овој линк и сите заинтересирани компании можат да учествуваат во него“, велат од Министерството за внатрешни работи.