Македонската царина заплени 114 автоделови вредни илјадници денари

Царинската управа го дистрибуираше неделниот извештај, каде што е соопштено дека царинските службеници на граничниот пункт „Блато“ одзеле автомобилски делови во вредност од 64.150 денари.

„Во товарното возило со македонски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Блато“ откриени се 114 различни парчиња автоделови (свеќи за греење, стабилизатори, свеќички, црева за вода, филтри за гориво и други).

Вредноста на привремено одземената стока е 64.150 денари“, велат од Царинската управа.