Македонска Царина: Во „Блацe“ се шверцуваат поштенски пратки

„Царинската управа воспоставува засилена контрола на граничниот премин Блаце со цел да се спречат обиди за шверц на поштенски пратки. Ова беше истакнато на денешната средба на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, со генералниот директор на Македонска пошта, Орхан Куртиши.

„Во два случаи спречени се обиди за шверц на поголеми пратки по брза пошта. Тргнавме кон целосно искоренување на ваквите напори. Но, ќе одиме со засилени контроли на граничниот премин“, нагласи Николовски.

Двете страни се договорија за унапредување на соработката.

Царинската управа, како што се наведува, согласно своите овластувања постапува во насока на олеснување на легалната трговија и откривање криминал.