– Во Загреб денеска се одржа жрепката за составот на групите на Светското кадетско првенство во ракомет во машка конкуренција, кое од 2 до 13 август ќе се одржи во Хрватска.
Македонската репрезентација ќе настапи во групата Ф заедно со Норвешка и Црна Гора, а третиот противник на „црвено – жолтите“ ќе биде победникот од дополнителниот квалификациски турнир на кој од 7 до 11 март во Сан Хозе ќе настапат Велика Британија, Гвинеја, Куба, Австралија и домаќинот Костарика.
На 10. Светското кадетско ракометно првенство во машка конкуренција за прв пат во историјата на натпреварувањето ќе настапат рекорден број од 32 репрезентации.
Натпреварите ќе се играат во Вараждин, Копривница, Опатија и Риека.
Состав на групите:
Група А: Португалија, Хрватска, Руанда, Алжир
Група Б: Унгарија, Словенија, Мароко, Нов Зеланд
Група Ц: Египет, Исланд, Јапонија, Чешка
Група Д: Шпанија, Јужна Кореја, Бразил, Бахреин
Група Е: Данска, Австрија, Чиле, Мексико
Група Ф: Норвешка, Црна Гора, Македонија, Победник на ИХФ „Трофи куп 2023“
Група Г: Германија, Аргентина, Саудиска Арабија, САД
Група Х: Шведска, Фарски Острови, Иран, Бурунди.