– Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за двата завршни натпревари на гостински терен во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 година.
Селекторот Александар Јончевски на располагање на мини – подготовките во СРЦ „Кале“ има 17 кошаркари, кои утре претпладне патуваат за Словачка на дуелот против домаќинот в четврток во градот Левице. Три денови подоцна македонската репрезентација ѝ гостува на Норвешка во Осло.
По четири одиграни кола, Северна Македонија е лидер во групата „Д“, со максимален ефект од четири победи.
За сигурен пласман во главните евро-квалификации, на избраниците на Јончевски ќе им биде потребна најмалку победа во наредните две средби.