– Македонската женска тениска репрезентација забележа најголем напредок на последното рангирање на репрезентациите кои се натпреваруваат во Били Џин Кинг купот.
Македонија има скок од 23 места и сега се наоѓа на 49.позиција што е најдобар ранкинг на макеоднските тенисерки..
Воедно, македонската репрезентација е рангирана на 30. место во Евро-африканската зона.
На првите пет места на ранг-листата се репрезентациите на: Канада, Чешка, Италија, Австралија и САД.