Македонските фудбалерки до 17 години со триумф над Грузија

Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години денес оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, доминираа во текот на мечот и на крајот заслужено се радуваа на убедлива победа од 5:0.

Хет-трик постигна Грозданова, по еднаш погодија Трендова и Попески.

Во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир, Македонките на 6 октомври ќе се соочат со селекцијата на Ерменија.