Македонската футсал репрезентација вечерва ја победи Шведска со 3:1 во 4. коло од Групата-10 во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2024.
Головите за „црвено-црните“ ги постигнаа Ранготов во 21. и во 26. минута и Леовски во 39. минута. За гостите погоди Диаз во 30. минута,
Со оваа победа Македонците ги задржаа шансите за второто место кое обезбедува бараж за главните квалификации.
На табелата во групата 10 лидер е Италија со 7 бода од три натпревари, Македонија има 4 бода од четири натпревари, Шведска е со 3 бода од три натпревари.