Македонски државјанин лажно се претставил како лекар: На семејство од Хрватска им зел 270 илјади евра

26-годишен измамник од Македонија лажно се претставил како доктор и зел 270 илјади евра од осум семејства од Хрватска, пишува Dnevnik.hr.

Тој го искористил најголемиот страв на родителот – можната загуба на дете, објаснува полицијата.

„На другиот крај од телефонот, едно лице се претставува како доктор кој вели: „Вашето дете е во опасност. Се случи голема несреќа. Потребни се пари за оваа тешка операција“, изјави Марија Гоати, портпаролка на Полициската управа во Загреб, додавајќи дека родителите биле оштетени за повеќе од 270.000 евра.

Наместо лекар, на другата страна од телефонот се јавил 26-годишен измамник, македонски државјанин, кој завршил зад решетки по брза кривична истрага.

Комората на семејни лекари на Хрватска апелираше до пациентите да не стануваат жртви на лажни лекари.