Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков за да му врачи официјален протест како реакција на изјавите на шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев.
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георгиев денеска при телевизиско гостување во бугарската телевизија БТВ рече дека со отстранувањето на „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за С. Македонија во Европскиот парламент (ЕП), успеале да спречат ЕП да биде искористен за домашната политичка пропаганда на, како што го нарече, „северномакедонскиот“ премиер.