Во текот на денот по аптеките се распределени нови количини на инсулин, додека во завршна фаза е јавната набавка за дополнителна набавка на инсулин, соопшти Министерството за здравство.
Од таму потенцираа дека пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени.
„Инсулинот почна да се дели во сите поликлиники, а во понеделник ќе стигне до поликлиниките во Ченто, Драчеве, Ѓорче Петров.
Од Министерството за здравство потврдија дека „се работи за вид на инсулин, чии количини се консумираат во последно време, за кој има замена на генетскиот, за пациентите на инсулинска терапија да бидат соодветно покриени“.
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија на својата Фејсбук страница соопштува дека за исчезнатите инсулини, од 03.03.2023 година (петок) почнуваат да ги делат од Скопје до секоја инсулинска аптека.